БЕШЕ ИЗНЕМОШТЕНА, НО НАСМЕАНА, ВЕЛИ ФОТОГРАФКАТА КОЈА ГИ СНИМИ ПОСЛЕДНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КРАЛИЦАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Беше чест и привилегија да се фотографира кралицата, изјави фотографката која ги сними нејзините последни јавни фотографии.

Џејн Барлоу, која работи за британската новинска агенција ПА, ја следела првата средба на Елизабета Втора со новата премиерка Лиз Трас, што се одржа само два дена пред смртта на кралицата.

„Беше многу насмеана. Ми кажуваше за времето и како е мрачно надвор. Изгледаше изнемоштено, но беше добро расположена“, откри Барлоу.

Кралицата почина два дена по средбата со новата премиерка Трас (Фото: ПА)

Иако дошла да ја фотографира средбата, Барлоу вели дека најдобрата фотографија е онаа од самата кралица.

„Таа фотографија сега уште повеќе добива на значење. Добив многу убави коментари за неа. Беше чест и привилегија да се направи таа фотографија“.

Фотографијата на која кралицата се поздравува со Трас создаде грижи во јавноста поради модринките на нејзината десна рака.

(Фото: ПА)