КЕНГУР КОЈ СВИРИ ВОЗДУШНА ГИТАРА Е НАЈСМЕШНАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЖИВОТНИ ЗА 2023

Лондон, (Би-Би-Си)

Фотографија на кенгур кој свири воздушна гитара е прогласена за најдобра на годинашниот избор на најсмешна фотографија на животни (Comedy Wildlife Photography Awards). Таа била снимена од Џејсон Мур на периферијата на Перт, главниот град на Австралија.

„Многумина не знаат дека кенгурите обично се прилично мирни, па дури и досадни поголемиот дел од времето, да бидам искрен. Меѓутоа, кога го видов овој кенгур како ја фаќа позата со воздушна гитара, веднаш ми донесе насмевка на лицето и знаев дека сум снимил нешто посебно“, изјави Мур.

На годинашниот натпревар биле пријавени над 1.800 фотографии од 85 држави.

Овие награди беа востановени во 2015 од британските фотографи Пол Џојнсон-Хикс и Том Сулам, со цел да промовираат заштита на дивиот свет.

Ова се некои од финалистите на годинашниот избор: