НЕПТУН И НЕГОВИТЕ ПРСТЕНИ БЛЕСКААТ НА НОВИТЕ СНИМКИ НА ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“

Вашингтон, (АП)

Телескопот „Џејмс Веб“ го сврте погледот од длабоката вселена кон нашиот Сончев систем и ги сними осветлениот Нептун и неговите деликатни, правливи прстени во детали какви што не се видени со децении.

Последен пат кога астрономите имаа така јасен поглед на најоддалечената планета од нашето сонце беше во 1989, кога „Војаџер 2“ стана првото и единствено летало кое поминало покрај ледениот џин.

(Фото: АП)

Напредната речиси инфрацрвена камера на „Веб“ обезбеди нов увид во атмосферата на Нептун и покажа седум од неговите 14 месечини.

Нептун изгледа сино на претходните снимки направени од телескопот „Хабл“, што се должеше на метанот во неговата атмосфера. Новите инфрацрвени снимки го покажуваат како сиво-бел, со ледени облаци над површината.

Во функција од јули, „Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп изграден досега и научниците се надеваат дека ќе доведе до нова ера на откритија.