„ЕПЛ МЈУЗИК“ ЌЕ СТАНЕ ПРВАТА МУЗИЧКА ПЛАТФОРМА СО 100 МИЛИОНИ ПЕСНИ

Њујорк, (АП)

Музичкиот стриминг сервис „Епл мјузик“ се ближи кон историска граница: 100 милиони песни во својата понуда. Компанијата вчера соопшти дека интерните податоци велат дека границата треба да биде пробиена в понеделник.

Секој ден, 20.000 пејачи и автори објавуваат музика на оваа платформа.

Тоа е огромна, огромна бројка. Сега е возможно да создавате, снимате и објавувате музика повеќе од кога било во историјата“, изјави Рејчел Њумен, шефицата за содржини на „Епл“.

Епл мјузик“ вели дека ова го зацврстува неговиот статус на најголем музички каталог на светот. „Јутјуб“ има 80 милиони песни, „Спотифај“ содржи 82 милиони песни и поткасти, а „Амазон мјузик“ нуди 90 милиони песни.

Невозможно е да се каже која песна ќе биде јубилејната и дали воопшто ќе биде на англиски. Само 40% од песните на „Епл мјузик“ се на англиски, а бројот на присутните јазици и дијалекти е околу 350.

Епл“ го лансираше „АјТјунс“ во 2003 со 200.000 песни, а „Епл мјузик“ пред седум години. Понудата ја удвои за само четири години, откако во 2018 располагал со 50 милиони песни.

(Фото: АП)