Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и на неговата сопруга Камила ќе се одржи в сабота на 6 мај во Вестминстерската катедрала, соопшти Бакингамската палата.
Чарлс стана монарх во моментот на смртта на неговата мајка Елизабета Втора, но крунисувањето претставува симболична прослава на неговото владеење. Тоа ќе биде прво крунисување во Велика Британија по 70 години пауза, односно од церемонијата во чест на Елизабета Втора во јуни 1953.
„Церемонијата ќе биде комбинација на старото и модерното. Таа ќе ги почитува долготрајните традиции, но и ќе ја одразува денешната улога на монархот и ќе гледа кон иднината“, соопшти Бакингамската палата.
И сопругата на Чарлс, Камила, ќе биде крунисана како дел од службата, но церемонијата ќе биде поедноставна. Чарлс ќе има 74 години на церемонијата, со што е најстариот нов монарх во британската историја.
(Фото: АП)