КИНОТЕКАТА ОДБЕЛЕЖУВА 15 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРАТА НА „ПРЕВРТЕНО“ НА ИГОР ИВАНОВ-ИЗИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 20 часот, во Кинотеката ќе се прикаже филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, со што ќе се одбележат 15 години од неговата премиера.

Дебитантскиот филм на Иванов имаше светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, а подоцна за него ја освои наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија.

Во Македонија, „Превртено“ првпат беше прикажан на „Браќа Манаки“ во Битола во 2007. Снимен според романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, „Превртено“ е урбана приказна за Јан Лудвик (го глуми Милан Тоциновски), млад човек кој ѝ припаѓа на изгубената транзициска генерација во нашето општество, чиј анархичен став кон животот го доведува до безизлезни ситуации во кои не може да се реализира себеси.

Покрај Тоциновски, во филмот играат и Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски…

По „Превртено“, Иванов ги сними играните филмови „Соба со пијано“ и „Хомо“.