ПО ЕДНА НЕДЕЛА ТВОРЕЊЕ, ВЛАДИМИР ЛУКАШ ОТВОРА ИЗЛОЖБА ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Современиот македонски уметник Владимир Лукаш вечерва (20 часот) ја отвора својата изложба „Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again“ во Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата.

Ќе бидат претставени дела изработени во комбинирана цртачко-сликарска техника кои во изминатите седум дена беа создавани во галеријата.

„Создавањето во духот на изненадувањето кое ги испитува можностите што ги нуди промената на форматот, колоритот и презентацијата нѐ изведува пред скриената суштина на уметноста кога се твори во рокови, т. е. кога се истражуваат дадените ветувања. Во таа смисла, оваа изложба претставува резултат на личното и колективно освестување на ограничувањата што ни ги задава зададената задача“, стои во описот на изложбата, чиј куратор е Дарин Ангеловски.

(Фото: Д. Ангеловски)