Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари ќе излезат на 10 јануари, објави издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“. Книгата насловена „Spare“ ќе се осврне и на неговата одлука да се откаже од кралските задолженија и да се пресели во САД.
„По смртта на принцезата Дијана во 1997, милијарди луѓе се прашуваа што мислат и чувствуваат принцовите и како ќе се одвиваат нивните животи. Ова е приказната на Хари“, објави издавачот.
Дел од приходите од книгата ќе бидат донирани на британски хуманитарни организации.
Книгата со 416 страници истовремено ќе излезе во цел свет и ќе биде достапна на 16 јазици, а ќе има и аудиоиздание што го чита лично Хари.
(Фото: АП)