ТОШО ФИЛИПОВСКИ НАЈАВИ МОНОГРАФИЈА ЗА ГОРАН ТРАЈКОСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски го најави своето ново капитално дело за домашната рок сцена, кое, како и последното за „Мизар“, ќе биде монографија.

„Готра“ ќе биде посветена на култниот македонски музичар Горан Трајкоски, кој беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“.

Новата книга на Филиповски треба да излезе следната година, со што ќе се совпадне со 60 години од раѓањето на Трајкоски и четири и пол децении негова музичка кариера.

„Готра“ ќе биде петта книга на Филиповски за период од шест години и следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019), „Македонски рок времеплов“ (2021) и „Мизар – Откровенија 1981-2021“ (2022).

(Фото: Фејсбук)