МИС ПОРТОРИКО И МИС АРГЕНТИНА СЕ ВЕНЧАА ПО ДВЕ ГОДИНИ ТАЈНА ВРСКА

Порторико, (Гардијан)

Две кралици на убавината објавија дека тајно се венчале. Во заедничка објава на Инстаграм, поранешните мис на Порторико и Аргентина, Фабиола Валентин и Маријана Варела, открија не само дека биле во врска две години, туку и дека неодамна се венчале.

Тие се запознале кога биле учеснички на натпреварувањето Мис Гранд интернешнал во Тајланд во 2020, каде што влегле во првите десет.

Фабиола Валентин и Маријана Варела се запознале пред две години

„Откако решивме да ја задржиме нашата врска приватна, ја отвораме вратата за сите вас на овој специјален ден“, велат тие во видеото од 30 секунди.

Тие се венчале во судница во Порторико на 28 октомври. Истополовите бракови се легални и во Аргентина и во Порторико, кое се води како територија на САД.

(Фото: Инстаграм)