АСТРОНОМИТЕ ЈА ОТКРИЈА НАЈБЛИСКАТА ЦРНА ДУПКА ДО ЗЕМЈАТА

Вашингтон, (АП)

Астрономите ја откриле најблиската позната црна дупка до Земјата, оддалечена околу 1.600 светлосни години. Тие велат дека оваа црна дупка е десет пати помасивна од нашето сонце и е трипати поблиску од онаа која досега се сметаше за најблиска.

Оваа црна дупка првпат била идентификувана од европското вселенско летало ‘Гаја‘ и потоа беше потврдена од опсерваторијата на Хаваи“, изјави Карим Ел-Бадри од центарот за астрофизика „Харвард-Смитсонијан“ во Масачусетс.

Научниците не знаат точно како овој систем се формирал во Млечниот Пат. Наречена Гаја БХ1, таа се наоѓа во соѕвездието Змијоносец.