Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес се одржа саемот на детска книга „Детски книги за широки насмевки“, на кој се продаваа книги изработени од самите деца. Организатори беа библиотеката „Гоце Делчев“ и градинката „Димче Мирчев“, а настанот имаше хуманитарен карактер.
„Дечињата имаа можност да си одберат книга изработена од друго дете. Изборот за некои деца беше тежок и возбудлив. На нивните лица имаше широки насмевки за книгата изработена од нивни врсници. Работиме на тоа кај децата од најмала возраст да поттикнеме љубов кон пишаниот збор и книгата“, кажа Маја Велиновска, директорката на велешките градинки.
Тие им се заблагодарија на родителите за соработката и креативноста.
На настанот се собрани 18.000 денари, кои ќе бидат наменети за набавка и поставување на мали библиотеки на отворено од типот остави-земи.
П. ПЕЧКОВ