ЗОРАН СПАСОВ-ЅОФ ЈА ПРОМОВИРАШЕ НОВАТА КНИГА „ЏАБЕ ЖИВИШ У СКОПЈЕ“, ПОСВЕТЕНА НА СКОПСКИОТ СЛЕНГ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Зоран Спасов-Ѕоф синоќа ја промовираше својата нова книга „Џабе живиш у Скопје“, која како и неговите хит романи „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Џабе живиш у Скопје“ е збирка на актуелни, изумрени и подзаборавени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и други ними“, вивисекција на скопските (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот кон неговото Скопје.

Идејата за Џабе живиш у Скопје е стара три години, но пишувањето и преродбеничката активност траеја повеќе од две. Едноставно, дојде денот кога ова мораше да се напише, зашто постоеше сериозна опасност скопскиот сленг да изумре. Пораката е дека треба да се негуваат скопскиот говор и скопскиот хумор. Во книгата има повеќе од 900 приказни“, рече Ѕоф.

Специјални гости на настанот беа Игор Џамбазов, Бранко Огњановски-Миле Паника и Сашо Мацановски-Трендо, кои биле инспирација за дел од анегдотите и шегите во книгата, а се најдоа и на корицата, што ја дизајнираше Михајло Димитриевски-Тxе Мичо.

Има десетина ликови кои ми се инспирација, од кои само овие тројца сè уште се меѓу нас. Со нив имам специјална конекција. Со Џамбазов го работевме Џандар збира, Трендо е главниот виновник што почнав да пишувам и најзаслужен за огромниот успех на Тибам штркот, додека Бранко за мене е единствениот национален херој што оваа држава го има“, изјави Ѕоф.