СРПСКА ШЉИВОВИЦА СТАНА ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

Белград, (Н1)

Традиционалната српска сливова ракија (шљивовица), односно праксата и знаењето во врска со нејзините подготовка и употреба, е запишана на листата на Светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО, чиј комитет заседава во Рабат, Мароко. Министерството за култура на Србија лани ја поднесе номинацијата за овој алкохолен пијалак, кој стана дел од националниот идентитет.

„Номинацијата ги обедини културата на одгледувањето на сливата, печењето на шљивовицата и нејзиното користење на приватни и јавни настани“, кажаа од министерството.

Сливова ракија произведена во Србија дури во 2016 година доби сертификат за географско потекло од Европска Унија и оттогаш го носи заштитеното име „Српска шљивовица“. Во Србија, 70% од собраните сливи завршуваат во производството на ракија.

(Фото: АП)