„ПИНОКИО“ НА ДЕЛ ТОРО ДОАЃА НА „НЕТФЛИКС“ НА 9 ДЕКЕМВРИ, 14 ГОДИНИ ОТКАКО ПРВПАТ БЕШЕ НАЈАВЕН

Лондон, (АФП)
(L-R) Actor Christoph Waltz, actor Finn Wolfhard, director Guillermo del Toro, actor Gregory Mann and director Mark Gustafson arrive for the premiere of "Pinocchio" during the 2022 American Film Institute Festival at the TCL Chinese Theatre in Hollywood, California, on November 5, 2022. (Photo by AUDE GUERRUCCI / AFP)

Долгоочекуваниот анимиран филм „Пинокио“ на оскаровецот Гилјермо дел Торо доаѓа на „Нетфликс“ на 9 декември.

Мрачната музичко-фантастична адаптација на приказната што „Дизни“ ја прослави во својот анимиран филм од 1940 година е направена со техниката стоп-анимација. Дел Торо ја смести својата верзија во ерата на фашизмот во Италија во 1930-ите.

„Пинокио“ доаѓа пред гледачите цели 14 години откако Дел Торо првпат го најави. Оригинално требаше да излезе во 2013 или 2014 година, но се соочи со големи продукциски проблеми, па проектот беше стопиран во 2017 зашто ниедно студио не сакаше да го финансира. Во 2018 беше откупен од „Нетфликс“.

Младиот Грегори Ман го позајмува гласот на Пинокио, а во екипата се и Дејвид Бредли, Јуан Мекгрегор, Криштоф Валц, Тилда Свинтон, Рон Перлман, Фин Волфхард и Кејт Бланшет.

(Фото: АФП)