„СУПЕРХИКС“ ОБЈАВИ НОВ СИНГЛ ОД НАЈАВЕНИОТ НОВ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните македонски бендови „Суперхикс“ ја објави втората песна од најавениот нов албум, на кој фановите чекаат веќе пет години. Синглот насловен „Добар човек“ е проследен со анимиран спот, изработен од Александар Несторовски и Меланија Димоска.

Новиот сингл следува пет месеци по објавувањето на песната „Крута“, кога „Суперхикс“ првпат откри дека подготвува нов албум.