„АВАТАР 2“ КОНЕЧНО ЈА ИМАШЕ СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА, 13 ГОДИНИ ПО ПРВИОТ ФИЛМ

Лондон, (Ројтерс)

Тринаесет години откако го објави „Аватар“, кој потоа стана филм со најголема заработка во историјата, Џејмс Камерон конечно ја одржа премиерата на долгоочекуваното продолжение.

Аватар: Патот на водата“, кој трае три часа и 12 минути, ги враќа гледачите во волшебниот свет на Пандора, каде што во првиот дел домородниот син народ Нави се бореше против човечките колонисти за природните ресурси на месечината. Сместен десетина години подоцна, Џејк Сули (Сем Вортингтон) и Нејтири (Зои Салдана) сега се родители на пет деца. Нивниот мирен живот е нарушен од враќањето на „Небесните луѓе“, кои доаѓаат по Сули. За да ги заштитат своето семејство и племе, Сули, Нејтири и децата бегаат и наоѓаат засолниште во океанскиот клан Меткајина.

Екипата на филмот на светската премиера во Лондон (Фото: ПА)

Ова беше работа од љубов која траеше повеќе од деценија и убаво е што конечно можеме да го споделиме. Ова е срцепарателна и моќна приказна, но не е копија на првиот филм, туку навистина го проширивме светот“, изјави Вортингтон на светската премиера во Лондон.

Камерон со години ги развиваше продолженијата на „Аватар“, при што снимањето на „Патот на водата“ почна во 2017 и се одвиваше паралелно со третиот филм, кој треба да излезе во 2024. Тој исто така работи на четвртиот и петтиот дел, чии премиери се предвидени за 2026 и 2028 година. Камерон најмногу време потрошил на развивањето филмска технологија за снимање сцени под вода.

(Фото: Гети)