Вечерва од 19 часот, во Домот на АРМ во Скопје ќе се изведе проектот „Прозорци“, во продукција на платформата за млади уметници „Инкубатор“. Автор на проектот е скулпторот и продуцент Матеа Мијановиќ, а го создаде во соработка со танчарите Митко Дамјановски, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска и Драган Теодосиев.
„’Прозорци’ е студија за релациите, отуѓувањето и моменталното чувство на поединецот, искажана низ монотонијата на секојдневните рутини, со цел да отвори ‘прозорец’ кон надминување на тие секојдневни рутини и калапи на однесување“, велат од продукцијата.