Специјална проекција на наградуваниот француски филм „Изгубени илузии“ ќе се одржи вечерва во кино Милениум со почеток во 20 часот. Оваа гала француска филмска вечер ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, а настанот ќе го отвори амбасадорот Сирил Бомгартнер.
„Изгубени илузии“ (Illusions perdues) е екранизација на истоимениот роман на Балзак и оваа година освои седум награди Цезар, што е француски еквивалент на Оскарите, меѓи кои и за најдобар филм.