РЕАЛ МАДРИД ПОТПИША СО 16-ГОДИШНИОТ ЕНДРИК, НОВОТО БРАЗИЛСКО ЧУДО ОД ДЕТЕ

Мадрид, (Би-Би-Си)

Реал Мадрид објави дека потпишал со новото бразилско чудо од дете, Ендрик од Палмеирас.

Шеснаесетгодишниот напаѓач, кој важи за еден од најблескавите бразилски таленти, ќе му се придружи на европскиот и шпански првак во јули 2024, бидејќи правилата на ФИФА не дозволуваат трансфери на малолетни играчи во странство.

Двата клуба не ги објавија деталите од договорот.

Ги комплетиравме најголемите преговори во историјата на бразилскиот фудбал. Предлогот на Реал Мадрид беше соодветен на огромниот талент на Ендрик“, изјави претседателката на Палмеирас, Лејла Переира.

Ендрик е најмладиот играч и стрелец во историјата на Палмеирас. Оваа сезона, има постигнато три гола на седум прволигашки меча.