НОРВЕЖАНИТЕ СО НОВ РЕКОРД, РЕЧИСИ 80% ОД КУПЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ ЛАНИ БИЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИ

Осло, (Дојче веле)

Норвежаните лани купиле рекорден број електрични автомобили, покажуваат официјални податоци. Четири од пет новорегистрирани возила биле електрични, односно лани биле купени 138.265 електрични автомобили, што е 79,3% од вкупната продажба на патнички автомобили.

Притоа беше соборен рекордот од 2021, кога уделот на електричните автомобили во севкупната продажба бил 65%.

Колку за споредба, електричните возила сочинуваа само 8,6% од новорегистрираните автомобили во Европската Унија во првите девет месеци од минатата година.

Норвешките власти нудеа и разни субвенции за купување електрични автомобили, кои само лани изнесуваа четири милијарди евра.

(Фото: ДПА)