„КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ПО 35 ГОДИНИ ГО РЕИЗДАДЕ „КАО КАКАО“ НА „ЛЕБ И СОЛ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кроација рекордс“ го претстави ексклузивното винилно издание на албумот на „Леб и сол“, „Као какао“, со што ја одбележи неговата 35-годишнина. Мастерингот е правен во студиото „Еби роуд“ во Лондон, а изданието е проследено со богата колекција фотографии од Георги Христовски и архивски фотографии од „Кроација рекордс“.

Као какао“ значеше триумфално враќање на бендот кој претходно минуваше низ кризен период. Кон поставата беше придодаден клавијатуристот Кирил Џајковски, а во снимањето на албумот учествуваа и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Ана Костовска и Беби Дол, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

Целиот материјал е снимен во студиото „М2“ на Радио-телевизија Скопје и неговите идеи и продукција беа опишани како неверојатно свежи.