ДАРИО ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 40 ГОДИНИ КАРИЕРА СО КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дарио Панковски ќе одбележи 40 години музичка кариера со ексклузивен концерт во Филхармонијата на 17 февруари. Концертот го организира „Авалон продукција“ во рамките на својот тридецениски јубилеј.

Дарио ќе го придружува неговиот некогашен бенд „Миг-21“, со кој ги сними првите два албума во почетокот на 1990-ите. Еден од најпопуларните македонски поп пејачи, кој ја почна кариерата во групата „Бон-тон“, има објавено и четири соло албуми, како и еден во живо.

Од „Авалон“ кажаа дека продажбата на влезниците почнува утре.

(Фото: Авалон)