ЈАПОНСКА ТРУПА СОЗДАДЕ БАЛЕТ СО ПЛАСТИЧЕН ОТПАД

Токио, (АФП)

Пластика“, новата продукција на угледната јапонска трупа „К-балет“, се обидува да го сврти вниманието кон глобалното загадување со пластика преку своите единствени сценографија и костими.

Балетски фустани направени од опаковки со меури, ѕидови од рециклирани пластични шишиња и стотина проѕирни чадори фрлени низ Токио се составен дел од претставата, која премиерно се изведе во Јокохама.

Пластиката употребена во претставата била собрана на улиците на Токио, по што била сортирана, исчистена и пренаменета. Сценографот Наоја Саката искористил над 10.000 фрлени пластични шишиња за претставата.

Количеството пластичен отпад се удвои низ светот во изминатите 20 години и само 9% од него успешно се рециклира, според податоците на групата ОЕЦД.

(Фото: АФП)