ЏЕЈМС ГО НАДМИНА ЏАБАР И СТАНА НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА ЛИГАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Леброн Џејмс ноќеска стана најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, надминувајќи го рекордот на Карим Абдул-Џабар стар 39 години. Пред натпреварот со Оклахома Сити, на 38-годишниот Џејмс му требаа уште 36 коша за да го урне рекордот на Џабар од 38.387 поени и уфрли два повеќе, што сепак не беше доволно да спречи пораз на својот Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс стана нов рекордер во финишот на третата четвртина, кога мечот беше запрен за да му се оддаде признание.

Само сакам да ви се заблагодарам вам, верните фанови на Лејкерс. Да можеш да бидеш во присуство на таква легенда каква што е Карим е неверојатно, многу е понизно“, кажа Џејмс.

Џабар го презеде рекордот на 5 април 1984 и потоа играше уште пет години, вкупно 20 сезони. Џејмс исто така е во својата 20. НБА сезона и засега нема најави дека ќе се пензионира.

Мора да му оддадете признание за начинот на кој планирал да трае и доминира“, изјави Џабар.

Меѓу оние кои му честитаа на Џејмс е и американскиот претседател Џо Бајден.

Кога читав за историјата на кошарката, никогаш не сум помислил дека овој рекорд може да биде достигнат. Мислев дека никој не може да игра толку долго. И затоа е голема чест да се биде дел од оваа лига и дел од некои од најголемите кои ја играа оваа игра“, кажа стрелецот на 38.390 поени.

(Фото: АП)