Британецот Ник Акстен конечно се стекнал со докторат повеќе од 50 години откако го почнал.
Сега 76-годишниот Акстен почнал да ја пишува својата теза за математичка социологија на Универзитетот Питсбург во 1970, но по пет години се вратил дома без да ја заврши. Универзитетот во Бристол сега го прогласи за доктор по филозофија во присуство на сопругата Клер и 11-годишната внука Фреја. Кажа дека истражувањето за тезата било исклучително тешко.
„Некои проблеми се толку големи што е потребно долготрајно тешко размислување. Мене ми требаа повеќе од 50 години за ова“, кажа Акстел.
Тој почнал да студира во Лидс во 1967, а во факултетските клупи се вратил како многу зрел студент во 2016.
„Сите други кои дипломираа филозофија имаа околу 23 години, но ме прифатија како свој“, вели Акстен.