Александрос Јоанис Гинис го освои сребрениот медал во слалом на Светското првенство во скијање во Куршевел, станувајќи првиот грчки скијач кој се закитил со медал на големите натпреварувања. Новиот светски првак е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен.
Роден во Атина, АЈ Гинис учел да скија на падините во централна Грција, пред да се пресели во САД на 15-годишна возраст. Едно време се натпреварувал под американско знаме, по што одлучил да настапува за Грција.
Дваесет и деветгодишниот Гинис, чиј татко е Грк, а мајка Американка, испиша историја и пред две недели со второто место на слаломот во Шамони, што беше прв подиум за грчкото скијање во Светскиот куп.
(Фото: Гети)