Новак Ѓоковиќ ја почна 377. недела како светски рекет број еден, со што го израмни рекордот на Штефи Граф. Веќе од следниот понеделник, Ѓоковиќ ќе биде апсолутниот рекордер во историјата на тенисот.
Ѓоковиќ првпат се искачи на првото место на АТП-листата на 4 јули 2011 и таму се врати по седми пат откако неодамна славеше на Отвореното првенство на Австралија, кога израмни уште еден рекорд – во бројот на освоени гренд слем титули (22).
На третото место на вечната листа е Мартина Навратилова со 322 недели како светски рекет број еден, па следуваат Серена Вилијамс (319) и Роже Федерер (310).
(Фото: Гети)