ПО НАСТАПОТ СО НОВАК ЃОКОВИЌ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ, ВЛАДО ГЕОРГИЕВ СО КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев на 21 август ќе одржи концерт во Хераклеја во Битола.

Георгиев во Битола доаѓа по двата концерта на „Канли Кула“ во Херцег Нови.

Посебно внимание предизвика појавувањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше меѓу публиката, а во еден момент спонтано му се придружи на црногорскиот хип-хоп музичар Игор Лазиќ-Нигор, кој беше гостин на концертот на Георгиев.

Игор Лазиќ-Нигор, Новак Ѓоковиќ и Владо Георгиев на концертот во Херцег Нови (Фото: Принтсктин)

Ѓоковиќ заедно со Георгиев и со Лазиќ ја испеа „Тропски бар“, а снимките од нивниот заеднички настап брзо се проширија на социјалните мрежи.

Организаторите најавуваат тричасовен концерт во Хераклеја, на кој Георгиев ќе изведе дел од своите најпознати песни, а за публиката се најавени и изненадувања во репертоарот.