Остров во северен Велс и официјално е признат за едно од најдобрите места со ноќно небо на светот. Инис Енли или островот Бардси е првото место во Европа кое се закити со сертификатот International Dark Sky Sanctuary.
Тој се придружи на 16 други локации кои се признати како најзафрлени и најмрачни места на светот. Компанијата која го поседува островот соопшти дека ова е големо постигнување.
Велс веќе има неколку места и резервати со темно небо, но областите означени како светилиште се многу поретки и треба да исполнат построги критериуми.
Инис Енли (Ynys Enlli) е сместен 3,2 километри од врвот на полуостровот Лин и тамошната планина служи како ефективна бариера, која ја ограничува светлината од копното. Најблиското големо светлосно загадување доаѓа од Даблин, кој е оддалечен 112 километри преку Ирското Море.
На островот има манастири кои потекнуваат од шестиот век, а се верува дека бил населен уште во Бронзената доба. Денес е дом на мала заедница која се занимава со земјоделство и риболов.
(Фото: С. Потер)