Стотици луѓе се собраа во градот Долгелау, Гвинед во северен Велс за да го гледаат актерот оскаровец, сер Ентони Хопкинс на снимањето на новиот филм. Претстојниот филм на 88-годишникот, „Посета на дедо“, го следи младото момче испратено да помине лето со својот ексцентричен дедо на велшка фарма.
Сер Ентони и екипата за филмот, кој е базиран на кратка приказна од Дилан Томас, привлекоа доста луѓе во Долгелау, со „многу возбуда и чувство на гордост“, рече заменик-градоначалничката Ниа Вин Еванс.
„Навикнати сме да имаме многу луѓе низ градот, но очигледно не сме навикнати да имаме продукциски тим што го претвора нашиот мал град во холивудска сцена“, рече таа.
Еванс рече дека околу 200 луѓе, вклучувајќи локални жители и туристи, дојдоа да го видат Сер Ентони и сетот во текот на трите дена, опишувајќи го како „многу посебно искуство за целата заедница“.
„Тој беше достапен за да поразговара со нив и направи луѓето да се чувствуваат посебно. Имаше време да разговара со луѓето, од што бевме навистина задоволни. Изгледаше како многу приземен човек кој ја ценеше убавината на нашиот град“, додаде Еванс.
Сè уште не е објавен датумот за премиерата на филмот, во кој играат Ејми-Фион Едвардс како мајката, и Анеурин Барнард.
Режисерот на филмот, Ди-Џеј Карузо, рече дека ова е една од најголемите почести во неговиот режисерски живот, да ја оживее приказната на Томас со сер Ентони.
Хопкинс е еден од најголемите светски актери и е најпознат по улогата на серискиот убиец Ханибал Лектор во хорор филмот од 1991 „Кога јагнињата ќе стивнат“, за кој освои Оскар за најдобар глумец. Потоа глумеше во продолжението на овој филм во 2001, „Црвен змеј“ во 2002, пред да освои втор Оскар за најдобар глумец во 2021 за неговата улога во „Таткото“ на Флоријан Зелер, во кој глумеше и Оливија Колман.
(Фото: И. Кинг)