РОНАЛДО СОБОРИ СВЕТСКИ РЕКОРД СО 197. НАТПРЕВАР ЗА ПОРТУГАЛИЈА

Лисабон, (Би-Би-Си)

Кристијано Роналдо додаде уште еден рекорд во својата богата кариера, станувајќи играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата на машкиот фудбал, откако синоќа по 197. пат го носеше дресот на Португалија. Тој постигна два гола во победата над Лихтенштајн од 4:0 на стартот на квалификациите за ЕП 2024 и притоа го надмина досегашниот рекордер Бадер Ал-Мутава, кој 196 пати играл за селекцијата на Кувајт.

Роналдо го израмни неговиот рекорд на ланското Светско првенство во Катар, но по разочарувачката елиминација од Мароко во четвртфиналето не се изјасни дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата.

Тој дебитираше во дресот на Португалија во 2003 и оттогаш има дадено 120 гола, што исто така е најмногу во машкиот фудбал.

Апсолутните рекорди ги држи 39-годишната Канаѓанка Кристин Синклер, која има 322 настапи и 190 голови за својата репрезентација и натаму е активна.

(Фото: АП)