„ПАРНИ ВАЉАК“ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ПЕСНА СО НОВИОТ ПЕЈАЧ ИГОР ДРВЕНКАР (ВИДЕО)

Загреб, (Индекс)

„Парни ваљак“ го претстави својот нов пејач, повеќе од една година по смртта на легендарниот Аки Рахимовски. Хрватската рок група денеска ја објави својата нова песна „Моја глава, мои правила“, на која како нов вокал дебитира Игор Дрвенкар.

Хрватската јавност го познава 31-годишниот Дрвенкар од телевизиски музички емисии, пеел во неколку бендови, а настапувал и во мјузикли.

Тој ќе има неблагодарна задача да го замени навидум незаменливиот Рахимовски, кој беше еден од основачите на „Парни ваљак“ во 1975 и остана во бендот сè до ненадејната смрт во јануари минатата година.

„Преломивме и продолжуваме понатаму. Аки секогаш ќе биде присутен со духот, а во Игор препознавме извонреден човек со кој тргнуваме во нова авантура“, соопшти групата.

(Фото: Фејсбук)