КОНЦЕРТОТ „АИР“ СО ВИОЛИСТОТ ДИЈАНГ МЕИ ВЕЧЕРВА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Аир“ е насловен денешниот концерт на Филхармонијата (20 часот), на кој како солист ќе настапи кинеско-германскиот виолист Дијанг Меи, заедно со мешаниот хор „Про арс“.

На репертоарот ќе бидат „Поручникот Киже“ од Прокофјев и „Стикс за виола, хор и оркестар“ од Канчели. Диригент е Емил Табаков од Бугарија, додека хорот го подготви Сашо Татарчевски.

Роден во Кина во 1994, Меи е првиот виолист на Берлинската филхармонија, а претходно истата позиција ја имаше во Минхенската филхармонија.