ТУРЦИЈА МУ ПОДАРИ КУЧЕНЦЕ НА МЕКСИКО ОТКАКО КУЧЕ-ТРАГАЧ УГИНА БАРАЈЌИ ПРЕЖИВЕАНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

Мексико, (Ројтерс)

Мексиканската војска доби ново кученце-трагач, што како подарок ѝ го испрати Турција откако мексиканско спасувачко куче угина при потрагата по преживаени по неодамнешниот катастрофален земјотрес, во кој загинаа над 54.000 луѓе во Турција и Сирија. Тримесечниот германски овчар ќе се придружи на прославената кучешка единица, обучена да помогне во лоцирањето преживеани луѓе по природни катастрофи.

По онлајн гласањето, кученцето го доби името Аркадас, што на турски значи пријател.

Аркадас ќе биде обучуван од истиот тренер кој се грижеше за Протео, кој угина за време на мисијата во Турција, кажаа од војската.

„Благодарение на моите пријатели од Мексико, кои ме пречекаа со многу љубов, ветувам дека ќе дадам сè од себе да бидам одлично куче-трагач“, напиша мексиканското министерство за одбрана на Твитер во името на Аркадас.

(Фото: ЕПА)