ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РАЈКЕР ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска и утре, со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани филмови на американскиот режисер и сценарист Дејвид Рајкер.

Вечерва на програмата е „Девојката” (2012) со Аби Корниш и Бил Патон во главните улоги, а утре ќе може да се погледне „Градот” (1998), кој раскажува четири емигрантски приказни кои се случуваат во Њујорк кон крајот на минатиот век. Овој филм е снимен во црно-бела техника и е редок пример на социјален реализам во американската кинематографија.

Рајкер ќе биде присутен за разговор со публиката.