ШЕРПАСКИ ВОДИЧ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ ОД 26 ИСКАЧУВАЊА НА МОНТ ЕВЕРЕСТ

Непал, (АП)

Шерпаски водич го искачи Монт Еверест по 26. пат, со што го израмни светскиот рекорд. Пасанг Дева Шерпа (46) придружувал унгарски планинар кога денеска стигнал на највисокиот врв на светот.

Првиот бран планинари во оваа сезона викендов се искачи на Монт Еверест. Оваа година, Непал издаде рекордни 467 дозволи на странски планинари.

Од првото успешно искачување во 1998, Дева речиси секоја година бил на врвот. Тој го израмни рекордот на својот колега Ками Рита, кој повторно би можел да стане единствен рекордер овој месец, бидејќи води група странски планинари кон врвот. 

Оваа година се одбележуваат седум децении од првото искачување на Монт Еверест, што го изведоа Новозеланѓанецот Едмунд Хилари и неговиот шерпаски водич Тензинг Норгај.

(Фото: АП)