ПИРС БРОСНАН ГО ОДБЕЛЕЖА 70. РОДЕНДЕН СО ПРВАТА ИЗЛОЖБА НА СВОИ СЛИКИ

Лос Анџелес, (АП)

Паралелно со прославата на 70. роденден, Пирс Броснан му ја покажа на светот својата досега непозната страна. Тој во Лос Анџелес ја отвори првата изложба на неговите уметнички дела насловена „Толку многу сништа“, на која се претставува со слики и цртежи создадени од 1980-ите до денес.

„Сликите се биографски. Се обидов да пишувам мемоари, но тоа е многу здодевно. Овие слики имаат историја за тоа кој бев, каде бев и кога бев“, вели Броснан.

Броснан почнал да слика во 1980-ите (Фото: АП)

Сликањето не е ново пандемиско хоби за Броснан, туку тој почнал да се интересира за визуелните уметности уште кога бил младо момче во Ирска. Подоцна се пресели во САД и ја доби главната улога во серијата „Ремингтон Стил“, што го направи холивудска ѕвезда.

„По преселбата во Лос Анџелес, се најдов под влијание на тамошната уметничка сцена. Имав и желба за сликање и пари да си купам материјали“, вели Броснан.

Сепак, тој ја создал првата слика дури откако во 1987 година на неговата сопруга Касандра Харис ѝ бил дијагностициран рак. Таа почина во 1991 и Броснан ја зачувал таа своја прва слика „Една мрачна ноќ“, која исто така се најде изложбата.

Некогашниот Џејмс Бонд вели дека сегашната сопруга Кили Шеј го охрабрила конечно да ги изложи своите слики.

„Оваа изложба е прослава на мојата работа и сништата кои сум ги исполнил“, вели Броснан.

(Фото: Пипл)