ПОЛСКИОТ РЕЖИСЕР КШИШТОФ ЗАНУСИ ДЕНЕСКА ВО КИНОТЕКАТА ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ФИЛМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Еден од најголемите европски режисери и сценаристи Кшиштоф Зануси дојде во Скопје како специјален гостин на денешната проекција на неговиот последен филм „Совршен број“ на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Проекцијата е од 18:30 часот во Кинотеката, а потоа публиката ќе може да разговара со Зануси, кој е добитник на Златниот лав во Венеција во 1984.

Зануси е еден од 40-те основачки членови на Европската филмска академија.

Вечерашната фестивалска програма продолжува во 21 часот во киното „Мирно лето“, каде што како дел од официјалната селекција на долгометражни филмови ќе биде прикажан „1976“ на Мануела Мартели.

Утре е затворањето, кога ќе бидат доделени наградите од жирито и ќе биде прикажан „Змија во пазувите“ на Карлос Саура, награден на Канскиот фестивал во 1976.