ЈАПОНСКИОТ ФИЛМ „ПЛАН 75“ ПОБЕДИ НА СКОПСКИОТ ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Јапонскиот филм „План 75“ (2022), во режија на Чие Хајакава, ја доби наградата Златен був за најдобар долгометражен филм на 13. Филозофски филмски фестивал во Скопје, кој заврши синоќа. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката.

„’План 75’ исполнува три услови што го прават многу избалансиран и солиден филм: неговиот кинематографски стил е во дослух со најдобриот јапонски филм, филозофските проблеми од морална природа ги поттикнува на соодветен начин и има капацитет да го одржува љубопитството и да допре до гледачите“, стои во одлуката на жирито во состав Елизабета Шелева (професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Луис Мартин Аријас (професор на Универзитетот во Ваљадолид) и Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин).