Македонија овој викенд добива нов фестивал посветен на стрип уметноста. Насловен Стрип трип фестивал, тој ќе се одржува денеска и утре во Младински културен центар во Скопје, а програмата ќе почнува на пладне.
На фестивалот ќе има дискусии, презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, изложби на македонски стрип цртачи, работилница за цртање стрип за деца, филмска и музичка програма и берза на стрипови.
Како гости на фестивалот се најавени Стеван Субиќ, Марко Стојановиќ, Михајло Димитриевски и Диме Иванов-Димано, а ќе биде доделена награда за македонско стрип наследство.