СКИЈАЧКИОТ ТИМ НА САД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОЛИМПИЈАДАТА СО ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ

Менло Парк, (Мешбл)

Во последните две години, Американската скијачка и сноубординг федерација соработува со „Стивр“, стартап за тренирање преку виртуелна реалност. Нивните спортисти на овој начин се подготвуваат во Менло Парк, Калифорнија и за претстојната Зимска олимпијада во Пјонгчанг.

Платформата располага со 360 различни видеа од патеките кадешто ќе се одвиваат трките, овозможувајќи им на скијачите да пробаат колку пати сакаат од нивниот дом.

Директорот на скијачката репрезентација, Трој Тејлор, вели дека виртуелната реалност не е нешто необично меѓу неговите спортисти.

„Многумина од нашиот тим ја користат виртуелната реалност за разни настани на коишто учествуваат“, објасни тој.

Тој додаде дека таа дава доста позитивни резултати, иако податоците се доверливи.

„Не сакаме нашите ривали да ни ги дознаат сите тајни“.

Компанијата „Стивр“ тврди дека некои од спортистите ги подобриле своите времиња за околу 20% преку тренирање со оваа технологија.

Оваа иновативна спортска технологија располага со уште една специјална карактеристика, која им овозможува на тренерите да ги изменат видеата, додавајќи неочекувани пречки, како магла или врнежи, за екстрапредизвик.

ВР е и добар начин за рехабилитација на повредените спортисти, бидејќи кога тие не се во можност да тренираат, таа ги држи во форма физички и ментално.