Сопранот Вероника Караколева денеска од 19 часот ќе одржи солистички концерт во Ликовниот салон во Велес. Таа ќе настапи во пијано придружба на професорката Дилек Реџеп.
Караколева, која потекнува од Велес, ќе пее познати арии од Моцарт, Шопен, Пучини и Верди, како и џез композиции од Гершвин.
П. ПЕЧКОВ