ГУБЕША – ОСТРОВЧЕ СО САМО ТРИ КУЌИ ВО ЈАДРАНСКОТО МОРЕ

Загреб, (Индекс)

Губеша е еден од најмалите населени острови на хрватското приморје. Има дијаметар од само стотина метри и своевремено бил летувалиште на богатите римјани. Таму имаат изградено раскошна вила, па денес на островчето можат да се видат темели од ѕидовите и остатоци од водоводниот систем и керамика. Во тоа старо време, на островот биле посадени маслинови дрвја и разни ароматични медитерански растенија.

Во минатиот век, целиот остров бил обработуван и засаден со лозје, но денес е вистинска робинзонска оаза со само три повремено населени куќички. Две од нив можат да се изнајмат преку интернет и едно ноќевање чини 150 евра.

Губеша се наоѓа западно од Корчула, но ѝ припаѓа на општината Вела Лука.

(Фото: Шатерсток)