Билјана Спаскова, Трајче Алексов, Милорад Ангелов и Тоше Ристов ја сочинуваат првата штипска експедиција која го искачила врвот Арарат во Турција (5.137 метри). Тие се членови на друштвото за планинарски спортови „Лисец“ од Штип и први во неговото 70-годишно постоење кои го освоија највисокиот врв во Турција.
„Искачувањето траеше пет дена при мошне лоши временски услови и температурна разлика од -25 до +36 Целзиусови степени“, вели Ангелов, актер во Народниот театар во Штип.
Единствената жена во тимот Билјана Спаскова беше дел од првата женска експедиција од Македонија која на 11 октомври 2022 се искачи на врвот Брајтхорн во швајцарските Алпи (4.164 метри).
Највозрасниот во експедицијата Трајче Алексов живее и работи во Австралија, а Томе Ристов е професионален фотограф, кој најавува изложба на фотографии од нивните планинарски походи во последните неколку години.
Т. ЈОВАНОВСКИ