Во летните месеци, жителите на Базел се шетаат по улиците носејќи светли торби во облик на риба. Таканаречениот wickelfisch е всушност водоотпорна торба од полиестер во која ги стават своите лични работи кога сакаат да пливаат во Рајна.
Иако просечната летна температура во Базел изнесува 25 Целзиусови степени, а Рајна се карактеризира со брз и непредвидлив тек, многумина бараат освежување во неа. Неретко можат да се видат и деловни луѓе како по завршувањето на работното време ги соблекуваат своите одела на брегот на Рајна, ги ставаат во wickelfisch, скокаат во реката и пливајќи си одат дома.
Не само што Рајна е темпераментна река, туку и околу неа нема спасители, па во водата се влегува на лична одговорност.
Покрај Базел, оваа пракса може да се види и во Цирих и Женева.
„Пливањето во река е чисто задоволство и секогаш е достапно и бесплатно. Целта е да се плива во градот, под мостовите, покрај бродовите кои поминуваат“, вели Барбара Бузер, која редовно плива во Рајна.
(Фото: Шатерсток)