Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илијевски, се појави облечена во македонска носија на вчерашното свечено отворање на манифестацијата „Илиндевски денови“ на платото пред Офицерскиот дом.
Рецитирајќи стихови од песната „Печал“ на Коста Рацин, таа рече дека е облечена во уникатноста на македонската народна носија зашто така ја влечат смилевските корени на прадедовците и прабабите.
„Во денешниот свет со брзо темпо, од суштинско значење е да се потсетиме на важноста на зачувувањето на нашето културно наследство. Нашите обичаи, ритуали, јазик, песни, игра и срце кое чука во седумосмински такт се нишките што нè поврзуваат, формирајќи го ткивото на нашиот идентитет“, рече Андоновска-Илијевски.
„Илинденски денови“ е фестивал на народни песни и игри и играорци од цел свет по 53. пат се собраа во Битола. Во тек е изведбата на 65 настани поврзани со традицијата.
Ж. ЗДРАВКОВСКА / Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски и Ивона Кочов