Две супермесечини ќе можат да се набљудуваат во текот на август, а првата доаѓа утре. Месечината ќе изгледа посветло и поголемо од вообичаено зашто ќе биде оддалечена „само“ 357.530 километри од Земјата. Во исто време ќе бидат видливи и Марс и Меркур.
Месечината ќе ни се доближи уште повеќе во ноќта на 30 август, кога ќе биде на 357.344 километри од Земјата. Бидејќи тоа ќе биде втората полна месечина во ист месец, таа ќе биде сина месечина.
„Топлите летни ноќи се идеално време за набљудување полна месечина. И тоа ќе се случи двапати во август“, вели Фред Еспенак, астрофизичар од НАСА.
Последен пат кога имаше две супермесечини во еден месец беше во 2018 и нема да се повтори до 2037 година. Оваа година, првата супермесечина беше во јули, а следната е во септември.
(Фото: Ѓ. Личовски)