ВЕЌЕ НЕ ГЛЕДАМ НА СНИМАЊАТА, ВЕЛИ ОСКАРОВКАТА ЏУДИ ДЕНЧ

Лондон, (Гардијан)

Легендарната британска актерка Џуди Денч вели дека поради дегенеративна состојба на очите веќе не е во можност да ги чита сценаријата на снимањата. Осумдесет и осумгодишната оскаровка кажа дека ѝ е тешко да го учи текстот во ваква состојба.

Веќе не гледам на филмскиот сет. Не можам да читам. Колку и да е тешко, мора да се носам со тоа. Ако имам подолг текст, мора да ми помагаат пријатели да го научам. Но, имам фотографска меморија“, изјави Денч.

Денч, која освои Оскар за најдобра споредна улога за ликот на Елизабета Прва во „Вљубениот Шекспир“, во 2012 откри дека ѝ била дијагностицирана макуларна дегенерација на очите, која е поврзана со стареењето.

И покрај тешкотиите со кои се соочува, таа вели дека ќе работи додека може.