НЕЈМАР ГО ПОТВРДИ ТРАНСФЕРОТ ВО САУДИСКА АРАБИЈА, ЌЕ ЗАРАБОТУВА 150 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Париз, (Би-Би-Си)

Нејмар е последната голема фудбалска ѕвезда која ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија откако го комплетираше трансферот од Пари Сен-Жермен во Ал-Хилал. Се верува дека саудискиот клуб ќе плати 90 милиони евра за 31-годишниот Бразилец, плус додатоци.

Постигнав многу во Европа и уживав во специјални времиња, но секогаш сум сакал да бидам глобален играч и да се тестирам себеси со нови предизвици и можности на нови места“, изјави Нејмар, кој не беше во плановите на новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике.

Нејмар и натаму е најскапиот фудбалер на сите времиња, откако во 2017 премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Сакам да испишам нова спортска историја и саудиската лига моментално има огромна енергија и квалитетни играчи“, кажа Нејмар, кој ќе заработува 150 милиони евра годишно, шест пати повеќе од платата во ПСЖ.